За нас

Јазичниот центар „Вортекс“ е основан во мај 2007 година. Од самиот почеток до денес посветено создаваме современа образовна средина која овозможува изучувањето на странскиот јазик да стане дел од нашето секојдневие и култура. Нудиме општи и специјализирани курсеви по англиски и германски јазик, како и подготовка за полагање меѓународни испити. Нашите часови се динамични, интерактивни, исполнети со теми кои се интересни и сосема прилагодени за возраста на учениците.

about-us-03 OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Нашиот наставен кадар се одликува со исклучителна стручност и посветеност на работата. Секојдневно применуваме посебни методи на предавање кои им помагаат на учениците да ги развијат сите четири јазични вештини – читање, пишување, слушање и зборување. Со примена на овие методи ги мотивираме учениците да го засакаат странскиот јазик, го поттикнуваме нивниот талент и ја ослободуваме нивната креативност. Имаме методолошки пристап кој го поддржува интелектуалниот и социјалниот развој на учениците поттикнувајќи ги да станат успешни ученици, независни мислители и почитувани поединци.

Училница еден Училница два

Наставата се одвива во целосно опремени и климатизирани простории со капацитет од 200 ученици. Училиштето располага и со сопствена библиотека со странска литература како и со најсовремена технологија за настава – интерактивна бела табла.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Работете за нас:

Дали сте заинтересирани да станете дел од тимот на Вортекс? Секогаш сме отворени за соработка со енергични, мотивирани и посветени професионалци – наставници по англиски и германски јазик. Можете во секое време да ни ги испратите Вашата работна биографија и писмо за мотивација (напишани на македонски и на јазикот за кој се пријавувавте) по е-пошта, но и редовно да ги следите објавите за нови работни места на нашата веб страница.