Курсеви за основци

Времетраење на курсот:
8 месеци, односно 32 недели или 64 наставни часови. За една учебна година од 16 септември до 1 јуни се завршува еден степен.
Одвивање на наставата:
Два пати неделно по 60 минути, во работни денови.

temp-course-03

Наставната програма одлично ги комбинира активното користење на англискиот и германскиот јазик преку разновидни живописни теми од секојдневието. Таа е целосно прилагодена за возраста на учениците и подразбира индивидуален пристап и работа со секое дете. Прецизно конципираните јазични единици, како граматичката структура и зборовниот фонд, овозможуваат постепено надградување на сите четири вештини потребни за слушателот да почне да го користи странскиот јазик – читање, пишување, слушање и зборување. Темите се внимателно избрани да ги мотивираат учениците и да создаваат позитивна атмосфера за учење – јазикот се учи на интуитивен, природен и забавен начин. Наставните планови исто така одат во прилог на зголемување на успехот во училиште.

Програмата се реализира во мали групи (3-10 ученици) со цел секој ученик да го добие потребното внимание. Овој број ученици е идеален за развивање динамика во разговорот и игрите, а истовремено ни овозможува да посветиме внимание на напредокот и усвојувањето на јазикот кај секое дете посебно.

Дополнителни материјали вклучени во наставата: