Испити по англиски јазик за деца (YLE)

Испитите по англиски јазик за деца (YLE) се внимателно дизајнирани за оценување на најмладите кандидати (на возраст од 7 до 12 години). Тие помагаат да се постигне напредок при изучувањето на англискиот јазик кај децата и ги поттикнуваат децата да продолжат со изучувањето на истиот преку низа внимателно избрани задачи, со примена на најсовремени наставни методи.

Starters

Доколку вашето дете е на возраст од 7 до 9 години и веќе има посетувано настава по англиски јазик, испитот Стартерс е вистинскиот начин да го поттикнете да заплови во водите на англискиот јазик!

Movers

Испитот Моверс е наменет за деца на возраст од 9 до 10 години кои посетуваат настава по англиски јазик во основно училиште или приватно училиште за странски јазици.

Flyers

Доколку вашето дете е на возраст од 10 до 12 години, го сака англискиот јазик и сака да научи повеќе, со испитот Флаерс ќе го мотивирате да напредува уште повеќе во изучувањето на англискиот јазик. За полагање на испитите по англиски јазик за деца можете да се пријавите само во училиштата кои вршат подготовка за истите.

Повеќе за испитите на: www.cambridgeenglish.org/exams-and-qualifications/young-learners/

* Преземено од веб страницата на Британски совет во Македонија.