Други услуги

Потврди за познавање странски јазик

Вортекс издава потврди за познавање странски јазик врз основа на претходно тестирање со цел да се одреди нивото на познавање на странскиот јазик. Потврдите може да Ви послужат за запишување постдипломски студии, вработување, учество на семинари, летни школи и сл.

За детали околу цената на тестирањето и издавањето на потврдата обратете се кај нашата администрација.

Настава во вашата компанија

Вортекс нуди специјализирани јазични курсеви за Вас и за Вашиот кадар. Наставата може да се одвива во Вашата компанија или во просториите на нашиот јазичен центар.

Доколку сте заинтересирани за услугите кои ги нудиме ќе ни претставува особена чест да воспоставиме работна соработка.

За дополнителни информации обратете се кај нашата администрација.

Изнајмување простории

Вортекс ги изнајмува своите комплетно опремени простории на организации, фирми и поединци за одржување предавања, семинари, испити и сл.

За дополнителни информации обратете се кај нашата администрација.

Тестирање за потребите на фирмите/организациите

Вортекс врши тестирање за потребите на вашата организација/фирма. Ваквиот вид тестирање може да ви го олесни процесот на регрутација на нов кадар како и да ви помогне да го одредите нивото на познавање на странскиот јазик кое го имаат вашите вработени.

Тестирањето е во согласност со Европската јазична рамка (Common European Framework of Reference, Council of Europe, Strasbourg, 2001.).