бул. „Видое Смилевски – Бато“ бр. 8а, лок. 7

info@vortex.mk

+ 389 70 728 518

Цени и начин на пресметка

Цената за превод, односно лектура зависи од обемот на текстот и рокот на испорака.

За една стандардна страница се смета текст кој содржи 1800 знаци вклучувајќи ги и празните места меѓу зборовите. Доколку сакате да знаете колку знаци содржи Вашиот документ обратете ни се или пресметајте сами со помош на функцијата што ви ја нуди Microsoft Word (Tools Menu > Word Count > Characters with spaces).

Цената за толкување зависи од времетраењето на настанот, локацијата на одржување и, соодветно на тоа, од бројот толкувачи кои се потребни да толкуваат на настанот.

Рок на испорака

Понудата за превод ви ја доставуваме во писмена форма. Во неа ги наведуваме цената и рокот во кој можеме да ја сработиме побараната услуга, но секако, рокот пред сè зависи од Вашите потреби  и е во согласност со нив. 

Во идеални услови нормата за превод на текст од странски на македонски јазик е 5-6 страници дневно. Сè што ја надминува таа бројка се смета за итен превод, секако и во зависност од терминологијата и бројот на страници, и се наплаќа според тарифата за итен превод, односно 30% повеќе од вкупната цена на преводот.

Воедно, при превод од еден на друг странски јазик, на пример од англиски на германски, се применува посебна преведувачка норма која ја договараме со клиентот. 

Дополнително, нормата за лектура е околу 20 страници дневно. Сè што ја надминува таа бројка се смета за итна лектура, секако и во зависност од терминологијата и бројот на страници, и се наплаќа според тарифата за итен превод, односно 30% повеќе од вкупната цена на лектурата.

Доколку преводот, односно лектурата е нарачана пред 10:00 часот, рокот за испорака почнува да тече истиот ден. За сите нарачани услуги по 10:00 часот рокот за предавање почнува да тече следниот ден откако клиентот ќе ни го достави текстот и ни потврди во писмена форма дека ги прифаќа условите наведени во нашата понуда.

Општа рамка за соработка

Прием на нарачки и испорака на преводи до клиентот

Со самото доставување на текстот за преведување клиентот се сложува со рамката за соработка што ја нуди Вортекс.
По прифаќањето на ангажманот Вортекс има должност да ви ја достави општата рамка за соработка.
Клиентот ги доставува материјалите за превод до Вортекс по пат на електронска пошта, обична пошта или на кој било друг начин што ќе го договорат двете страни.
Клиентот е должен да достави јасно читливи материјали за превод. Доколку материјалите за превод не се читливи Вортекс има право да го одбие ангажманот.

Услови на плаќање и цени

Цената за преведувачките услуги се пресметува според ценовникот на Вортекс, освен доколку двете страни не договориле поинаку. Вортекс има право да го зголеми износот во следниве случаи:
– кога добива ангажман кој би се вршел надвор од работното време на компанијата;
– кога клиентот доставува документ за превод кој содржи повеќе од 18000 знаци (10 стандардни страници), што треба да биде изготвен за еден работен ден;
– кога клиентот има потреба да го добие преведениот документ истиот работен ден кога го доставил.

Вортекс го одредува датумот за авансно плаќање (50% од износот за услугата) со профактура која ви се доставува во текот на првиот ден од ангажманот.
Со склучување договор за долгорочна соработка меѓу Вортекс и клиентот, клиентот се ослободува од авансно плаќање.

Доколку клиентот ја повлече нарачката ќе му биде наплатен износ за надоместок од страна на Вортекс за извршениот превод до моментот на повлекување на нарачката.

По завршувањето на услугата, Вортекс му испраќа фактура на клиентот. Клиентот штом ја прими фактурата има обврска да ја плати во рок од 7 работни дена со префрлање на износот на банкарската сметка на Вортекс.

Доверливост

Секоја информација за клиентот којашто ја добива Вортекс е строго доверлива.

Квалитет

Вортекс ви гарантира исполнување на сите преземени ангажмани со врвен квалитет.

Вортекс не сноси одговорност за направените грешки кои се пројавиле како резултат на неточни информации доставени од страна на клиентот.

Доколку дел од документот не може да биде преведен недвосмислено или формулацијата е непрецизна, а клиентот не доставил дополнителни информации за содржината на текстот, Вортекс се обидува да го протолкува текстот во рамките на можностите и да даде објаснување за изнајденото решение.

Доверливи податоци

Вортекс ги чува податоците кои што ги содржат Вашите документи како доверливи информации и гарантира тајност и целосна заштита на истите.

Гарантираме заштита на сите лични податоци, односно деловни податоци на клиентите, на нашата меѓусебна комуникација околу самата документација и на доверливите информации кои сме ги добиле во текот на процесот на преведување. Во поглед на доверливоста на податоците се постапува строго доверливо и тие не се достапни на трети лица освен ако тоа не го назначи или го побара од нас самиот клиент.

Сепак, имаме право да ја задржиме и архивираме целата наша меѓусебна комуникација, како и сета документацијата која се преведува. Секако, гарантираме дека содржината на документите нема да им биде достапна на трети лица и дека ќе се чува во стога тајност.

Побарајте понуда

Испратете ни го вашиот текст на info@vortex.mk и наведете ги јазичната комбинација, рокот и начинот на испорака.