бул. „Видое Смилевски – Бато“ бр. 8а, лок. 7

info@vortex.mk

+ 389 70 728 518

Симултано толкување

При симултаното толкување толкувачите ги преведуваат говорителите додека тие зборуваат. За овој вид толкување е потребна специјална опрема и преведувачка кабина со цел да им се овозможи на толкувачите да примаат јасен и чист говор. Толкувачот го проследува говорот на говорителот преку слушалки и истовремено го толкува (преведува) на микрофон.

Симултаното толкување се применува за време на локални и меѓународни конференции, презентации, семинари, преговори итн.

Забелешка: Барањето за толкување е потребно да ни го доставите најмалку две седмици пред одржување на настанот. За настан кои трае подолго од 2 часа неопходно е да се ангажираат двајца толкувачи за иста јазична комбинација.

 

Консекутивно толкување

При консекутивното толкување толкувачот седи или стои до говорителот и го слуша внимателно. Притоа толкувачот фаќа белешки за време на говорот, а потоа истиот смисловно го репродуцира односно преведува на целниот јазик.


Консекутивното толкување се применува за време на деловни состаноци, конференции, интервјуа, семинари, обуки, меѓународни средби од кој било вид итн.

Забелешка: Барањето за толкување е потребно да ни го доставите најмалку две седмици пред одржување на настанот. За настан кои трае подолго од 2 часа неопходно е да се ангажираат двајца толкувачи за иста јазична комбинација.

Толкување на уво

Толкувањето на уво претставува преведувачка техника што најчесто се врши без употреба на опрема. Толкувачот седи покрај слушателот и симултано толкува (шепотејќи му на уво) додека говорителот зборува. Оваа техника се применува за најмногу двајца слушатели.

Забелешка: Барањето за толкување е потребно да ни го доставите најмалку две седмици пред одржување на настанот. За настан кои трае подолго од 2 часа неопходно е да се ангажираат двајца толкувачи за иста јазична комбинација.

Побарајте понуда

Испратете ни го вашиот текст на info@vortex.mk и наведете ги јазичната комбинација, рокот и начинот на испорака.