Специјализирани курсеви

Специјализиран курс по германски јазик за медицинари

Времетраење:
16 недели, односно 4 месеци.
Одвивање на наставата:
двапати неделно по 90 минути, во работни денови.

temp-specialized-courses-01

Курсевите по германски јазик за медицинари се наменети за студенти и професионалци од областа на медицината (лекари по општа медицина, хирурзи, анестезиолози, стоматолози, геронтолози, медицински сестри, болничари и други здравствени работници) кои сакаат да ја продолжат кариерата во земја од германско говорно подрачје.

Доколку немате претходни познавања од германскиот јазик ќе треба најпрво да посетувате општ курс по германски јазик во нашиот центар, и да го поминете нивото А1, за да можете да продолжите со специјализираниот курс. Општ германски на ниво А1-Б2 и подготовка за полагање на меѓународен испит за работна виза.

За да се посетува курсот потребно е кандидатот да има основни познавања од германскиот јазик (ниво А1).

Доколку веќе сте учеле германски јазик, најпрво вршиме тестирање со цел прецизно да го одредиме нивото на вашето знаење. Врз основа на резултатите од тестот ќе ве ставиме во соодветната група. На овој начин ќе можете да продолжите со усовршување на германскиот јазик преку усвојување стручна терминологија од областа на медицината (разговор со пациенти, колеги, анамнеза, делови на тело и внатрешни органи, болести и симптоми, препишување лекови, пополнување најразлични обрасци во германска болница итн.).

Деловен англиски

Времетраење:
16 недели, односно 4 месеци.
Одвивање на наставата:
двапати неделно по 90 минути, во работни денови.

temp-specialized-courses-02

Курсот е наменет за сите деловни луѓе кои сакаат да ги подобрат своите јазични вештини. Програмата е конципирана на тој начин што за кратко време ќе ви помогне да ја совладате деловната терминологија и да станете флуентни говорители на англискиот во разни деловни ситуации на пр. интеракција со колегите, деловните партнери и клиентите; водење преговори, состаноци, телефонски разговори, држење презентации и кратки говори и сл.. Со курсот се подобруваат и вештините за писмено изразување – пишување деловни писма, имејл, факсови, извештаи и сл.

За посетување на овој курс не се потребни претходни познавања од јазикот, бидејќи нудиме програми од почетното ниво А1.

Германски за хотелиерство и гастрономија

Времетраење:
16 недели, односно 4 месеци.
Одвивање на наставата:
двапати неделно по 90 минути, во работни денови.

temp-specialized-courses-03

Курсот е наменет за професионалци и студенти од областа на угостителството, хотелиерството и гастрономијата кои сакаат својата кариера да ја продолжат во земја од германско говорно подрачје или, пак, едноставно сакаат да научат уште еден светски јазик кој ќе им биде од голема корист во секојдневната работа. Во текот на наставата се изучува потребниот вокабулар и реченични структури со чија помош хотелските работници ќе можат без проблем да се разберат со гостите кои зборуваат германски.

На часовите се изучуваат и вежбаат разни ситуации кои се дел од работниот ден на хотелските работници. Курсот се фокусира на вештините кои им се најпотребни, односно најмногу на зборувањето и слушањето. Оттука, голем акцент ставаме на правилниот изговор. Исто така се вежба и писмената комуникација која во најголема мера се состои од дописи помеѓу хотелските работници, туристичките агенции и гостите.

Англиски за работа на брод

Времетраење:
16 недели, односно 4 месеци.
Одвивање на наставата:
двапати неделно по 90 минути, во работни денови.

temp-specialized-courses-04

Наставната програма е наменета за сите оние кои одлучиле да се пријават за работа на брод. Програмата е конципирана на тој начин што за краток временски период се подобруваат комуникациските вештини на англиски јазик во работната средина. Во неа се вклучени вокабулар и контексти специфични за работните ангажмани на брод. Секоја наставна единица нуди упатства кои, чекор по чекор, ги водат слушателите до целта – подобрување на сите четири јазични вештини: читање, слушање зборување и пишување.

За да започнете со курсот потребно е да имате претходни познавања од англискиот јазик. Најмалку ниво А1.