Изјави

Мојот син Марко веќе една година посетува часови по англиски јазик во „Вортекс“. Тој започна да изучува англиски во 2 одделение и за една година, со најдобрата teacher Ирена, Марко научи супер да чита, иако на училиште уште не ја учеа латиницата, многу добро да изговара и уште многу, многу нови зборови и изрази. Сето тоа го научи преку игри и песнички. Мене ми беше најважно мојот син да има желба да оди на часовите по англиски и тоа да го прави со задоволство. Мојата желба се исполни, а ние и оваа година воопшто нема да се двоумиме да го избереме повторно „Вортекс“.

Многу сум задоволна што во „Вортекс“ предаваат сопственичките на училиштето и тие со голема љубов и ентузијазам го следат секое дете. Во текот на курсот не се менува професорката и начинот на предавање, што е случај со многу приватни училишта. Тоа е уште една голема причина да продолжиме и оваа година.

На сите родители кои се мислат каде да ги запишат своите дечиња искрено им го препорачувам „Вортекс“, затоа што ретко кое училиште има професорки кои имаат големо искуство во работата со дечиња, таква инвентивност, креативност и таков пристап кон децата во многу убав и позитивен амбиент како професорките во „Вортекс“.

Тања Јаневска, родител

По пат на многу забава и инспиративно предавање нашите дечиња имаат можност лесно да научат странски јазици и нивните нови знаења во иднина самоуверено да ги аплицираат. Посебно посветуваат внимание на комуникативниот метод за кој верувам дека е одлична основа за квалитетно учење.

Виолета Темелковска, родител

Одлично и ефективно предавање, континуирана проверка на знаењето, супер учителки, пријатна работна атмосфера , сето тоа во интерес на брзо совладување на програмата за изучување на предвидениот курс.

Бобан Теовски, слушател на стандарден курс по англиски јазик

Пред неколку месеци го слушав курсот по германски за медицинари во „Вортекс“ и сум презадоволен. Топло го препорачувам школово!

Мартин Кипријанов, слушател на специјализираниот курс по германски јазик за медицинари

Училиштето на син ми. Многу ве сакаме! 🙂

Ксенија Иванова, родител