Подгответе се за IELTS и TOEFL!

Во тек се уписите за подготвителните курсеви за IELTS и TOEFL и ќе се одвиваат до 5 септември. Наставата почнува на 7 септември. Бројот на слушатели е ограничен. Запиши се веднаш!

Број на наставни часови: 12 часа (90 минути)
Времетраење на курсот: 6 недели

Термини:
IELTS:
– среда и петок 18.30-20.00 ч.
TOEFL:
– среда и петок 18.30-20.00 ч.

Краток опис:
Подготвителниот курс ви помага одлично да ги совладате стратегиите за полагање на четирите делови на испитот: читање, слушање, зборување и пишување. Наставникот ве води низ целиот процес на подготовка преку сеопфатни предавања за техниките и стратегиите на полагање, ги прегледува домашните задачи и есеите испратени преку имејл, ви укажува на најчестите синтаксички и граматички грешки при усното/писменото изразување, ве снабдува со дополнителни вежби и материјали, со точни решенија и одговори на испитните прашања итн. Накратко кажано, преку подготвителниот курс добивате целосно менторство и секојдневна поддршка во текот на шестнеделната подготовка што, секако, претставува суштинска основа да стекнете повисока оцена т.е. освоите повеќе бодови на меѓународниот испит.

Доколку се одлучите за некој од курсевите кои ги нудиме можете да се запишете во просториите на нашите училишта или да ја пополните онлајн пријавата на нашата веб страница.