Уписите се во тек!

Почитувани ученици и родители,
На прагот од новата учебна година, се надеваме дека сте здрави, одморени и подготвени за нови предизвици. 😊
Нè очекува малку поинаква учебна година, но подеднакво амбициозна, успешна и креативна како претходната.
За време пандемијата на Ковид-19 ќе функционираме согласно препораките од надлежните органи, со цел да овозможиме највисоко ниво на безбедност за учениците и наставниците, и ќе понудиме неколку вида настава:
📖 Во училница – согласно утврдените протоколи за заштита од Ковид-19, ќе овозможиме следење настава во помали групи, често проветрување и дезинфицирање на училниците;
💻🎧 Онлајн – на нашата платформа, во живо со вклучени камери и микрофони;
📒💻 Комбинирана настава – дел од часовите ќе се одвиваат во училница, а дел онлајн.

Веќе неколку години ги проектираме сите содржини на табла, вклучително новиот вокабулар и граматичките лекции, па наставната програма е иста за настава во училница или онлајн. Како и досега, и оваа година ќе бидат достапни граматичките читанки и безброј нови образовни игри за поефикасно и поуспешно совладување на материјалот. 🚀
📌Уписите за новата учебна година ќе се одвиваат од 31 август до 14 септември, а наставата ќе започне од 15 септември. Ве очекуваме за упис секој работен ден од 17.00 до 21.00 часот на нашите локации во Ново Лисиче и Аеродром.
📞 Доколку имате дополнителни прашања, нашиот тим со задоволство ќе ви одговори на тел.: 070/ 728-518 или info@vortex.mk.
Ве очекуваме!
Срдечен поздрав,
Тимот на Јазичен центар „Вортекс“