Курсеви за средношколци
Времетраење на курсот:
|
8 месеци, односно 32 недели или 64 наставни часови. За една учебна година од 16 септември до 1 јуни се завршува еден степен.
|
Одвивање на наставата:
|
Два пати неделно по 60 минути, во работни денови.
|
Применуваме најсовремен метод за конверзација кој ги наведува учениците да проговорат на странскиот јазик уште од првиот миг. symbol
Организира курсеви по англиски и германски јазик за ученици од гимназиите и стручните средни училишта.
Наставата е динамична, интерактивна, исполнета со теми кои се интересни и сосема прилагодени за нивната возраст. Граматиката се усвојува преку посебна и докажано успешна методологија, чиј методи се едноставни и разбирливи. Покрај стандардниот наставен материјал користиме многу дополнителни вежби, аудио и видео материјали како и најсофистицираното наставно помагало во моментов – интерактивна табла. Ова е сигурен пат за успешно и брзо напредување во изучувањето на странскиот јазик и за постигнување на првичната цел – што побрзо да почнете да го зборувате јазикот.
Наставната програма се состои од:
- интерактивна табла и софтвер
- аудио и видео материјали
- тематски единици од разновидни области
- систематски развој на сите четири јазични вештини преку реални задачи кои го мотивираат и охрабруваат ученикот да се вклучи во наставата
- лексички вежби кои ги ставаат во пракса и ги активираат целиот суштински фонд на зборови вклучувајќи колокации, секојдневен англиски , фразални глаголи и зборообразување
- разновидни автентични задачи кои го стимулираат читањето и слушањето
- граматички секции кои ги покриваат сите големи граматички области + граматика
- анализа на текстови и вежби за сите видови на пишување со примери
- широк дијапазон на вежби за зборување; и
- секции за култура и литература.