Најчести прашања

1. Кога започнува наставата, дали може да се запишам откако ќе започне учебната година?

  • Редовни уписни рокови за општите курсеви се 1-15 септември и 1-15 февруари, но во секое време можете да се приклучите на некоја од постоечките групи доколку имате претходно познавање на јазикот.
  • За интензивните и специјализираните курсеви постојат вонредни уписни рокови. Во секое време можете да се информирате за најблискиот уписен рок за курсот кој ве интересира, телефонски или преку имејл.

2. Како да одредам во кој степен да се запишам?

  • Доколку претходно сте го изучувале јазикот на кој сакате да се запишете неопходно е да ве тестираме. Степенот прецизно се одредува со писмен тест со кој се оценува јазичното ниво во целост .

3. Дали може да се префрлам во друга група доколку не ми одговара степенот?

  • Може да се префрлите во друга група во секој момент во договор со професорката или координаторот за настава. Доколку сметате дека групата од која сте дел е премногу слаба или јака за вас, задолжително консултирајте се со вашиот професор/професорка.

4. Кое јазично ниво ми е потребно за вработување?

  • Секој работодавец и вид работа наложува различен степен на познавање на јазикот. Во секој случај, сосема е доволно да го постигнете јазичното ниво B1 според Заедничката европска референтна рамка за јазиците, со кое ќе можете да пренесувате и примате информации, како и да се изразувате писмено во деловната коресподенција. Доколку ви е потребна поголема флуентност во говорот и поголем фонд зборови неопходно е да го постигнете барем нивото B2.

5. Дали учебниците се вклучени во цената на курсот?

  • Не. Учебниците се купуваат посебно. Во цената на курсот се вклучени дополнителните печатени материјали со кои ве снабдуваме на часовите.

6. Дали треба да се плати месечната рата во целост доколку отсуствувам од наставата?

  • Доколку слушателот на курсот отсуствува подолг период од кои било причини (престој во странство, боледување и сл.), а потоа повторно продолжува со наставата, ја подмирува целата сума.

7. Дали нудите можност за плаќање на рати?

  • Да.

8. Како се одвива плаќањето?

  • Уплата за курсот можете да извршите со налог во банка. Банкарската сметка на Јазичен центар „Вортекс“ се наоѓа во НЛБ Тутунска банка и гласи: 210062349760178.

9. Дали постои можност за промена на терминот откако ќе започне наставата?

  • Да, но само доколку распоредот на јазичниот центар и другите слушатели во групата го дозволува тоа.

10. Дали треба да учам и дома?

  • Секако. За да го совладате материјалот од часовите неопходно е постојано да работите и во слободното време.

11. Каде е валидна дипломата што ја издавате?

  • Ниту едно приватно училиште за странски јазици основано во Р. Македонија не издава диплома која е валидна во странство (доколку ви е потребна потврда за познавање на јазикот се полагаат меѓународни испити со кои се стекнува истата).
  • Дипломата и потврдата кои ги издаваме ќе ви послужат како валиден документ кога ќе конкурирате за работно место во рамките на државата.

12. Колку знаење ќе стекнам откако ќе завршам со слушање на почетниот степен?

  • Учењето на странски јазици е траен процес и не може да се очекуваат брзи резултати. Откако ќе завршите со слушање на почетниот степен ќе можете правилно да читате содржини, да ја разберете нивната смисла, како и да составувате прости реченици со ограничен фонд зборови.

13. Каква методологија применувате?

  • Во нашиот јазичен центар се применуваат најсовремените методи за изучување странски јазици согласно нормите и општата рамка на Советот на Европа. Кај слушателите паралелно се градат четирите јазични вештини – читање, пишување, слушање и зборување – со употреба на печатени материјали од етаблирани издавачки куќи, како и дополнителен софтвер и аудио-визуелен материјал.

14. Во кои термини се одржува наставата?

  • Кога станува збор за општите курсеви наставата се одржува во работни денови во попладневните и вечерните часови. Специјализираните курсеви се одржуваат по договор преку недела или за време на викендите.

15. Дали нудите интензивни курсеви?

  • Да. Интензивните курсеви се одржуваат во вонредни уписни рокови во текот на целата година, како во летните месеци кога одобруваме посебни летни попусти.

16. Дали нудите индивидуални часови?

  • Секако. Доколку од која било причина имате потреба од дополнителни часови за да се надградите ви ја нудиме и оваа можност.