НОВО: Интерактивна табла

За сите програми за деца од предучилишна возраст и основци кои ги нудиме располагаме со интерактивен софтвер кој создава таканаречена виртуелна средина за изучување на јазикот која ги прави часовите уште поинтересни и подинамични. Истражување кое го спроведе Британската агенција за комуникации и технологија ги истакна следниве придобивки од ваквиот вид настава:

  • Поголеми можности за учество и соработка во групата
  • Подобрување на личните и социјалните вештини
  • Зголемена способност за совладување сложени концепти
  • Обединување на различните стилови на учење
  • Зголемување на самодовербата кај учениците
  • Засилување на мотивацијата за учење кај послабите ученици
  • Наплив од нови идеи и брзи повратни одговори