Повик за ангажирање практиканти

Потребна ти е пракса?

Повторно нудиме можност за надградување за апсолвентите на Катедрите за англиски јазик и книжевност и германски јазик и книжевност.

Праксата се одржува на локацијата во Ново Лисиче. Периодот предвиден за пријавување е до 5 април, а студентите е предвидено да доаѓаат на пракса од 14 април до 1 јуни. За време на назначениот период тие ќе имаат прилика да се запознаат со нашата наставна програма, ќе научат како се изготвува наставен план, ќе бидат запознаени со последните трендови на одржување настава и најсовремените наставни помагала, ќе ја следат наставата на нашите наставници и ќе имаат прилика да одржат часови со групи од сите возрасти. Секако, практикантите ќе имаат свој ментор кој постојано ќе го следи и евалуира нивниот напредок.

По праксата практикантите ќе добијат потврда дека посетувале пракса, а на најуспешните практиканти ќе им биде понуден и постојан работен ангажман.

Доколку сте заинтересирани, испратете ни кратка биографија и мотивациско писмо (напишани на македонски и англиски/германски јазик)  на info@vortex.mk.