Совети за слушателите на курсевите

Изучувањето странски јазик воопшто не е едноставно, но можете значително да го олесните процесот доколку посветите дел од вашето слободно време на јазикот надвор од училишната клупа.

Покрај слушањето на новиот јазик за време на наставата, од огромна корист е дополнителното вежбање со помош на често слушање радио емисии и гледање телевизиски програми и филмови без титлови. Со тоа ќе го подобрите изговорот но и ќе го збогатите фондот на зборови и реченични структури. Исто така, доколку сте во можност, препорачливо е да комуницирате преку интернет со мајчини говорители. Доколку сте на возраст од 18-30 години, невладиниот сектор нуди одлична можност за комуницирање на англиски јазик за време на младинските размени чии учесници доаѓаат од повеќе земји ширум Европа.download film Beauty and the Beast 2017

Бидете упорни и љубопитни. Барајте дополнителни граматички вежби за дома и замолете да ви ги прегледаат следниот час. Не се разочарувајте лесно доколку веднаш не ја сфатите граматичката лекција и не се срамете да побарате дополнително објаснување доколку нешто не ви е јасно. Во групата секогаш ќе има слушатели кои претходно повеќе го користеле странскиот јазик од вас, но имајте предвид дека лесно можете да го постигнете нивното ниво доколку имате вистинска желба на научите повеќе. За време на часовите не се чувствувајте несигурни кога ќе треба да прочитате текст, вежба или да зборувате – правењето грешки води кон запознавање на сопствените слабости и подобрување на истите, а со тоа и стекнување знаење. И за крај, нека ви биде мотив причината што ве натерала да се запишете на курсот.