Tongue Twisters (Брзозборки)

Брзозборките претставуваат одлична алатка за подобрување на јазичните вештини како кај децата, така и кај возрасните. Со помош на оваа игра со зборови на забавен начин го усовршуваме изговорот на поспецифичните зборови.

Еве и како да вежбаме со брзозборки:

  • Почнете да ја читате бавно брзозборката со цел секое зборче да го изговорите внимателно.
  • Следен чекор е учење на брзозборката напамет.
  • Потоа, повторувајте ја брзозборката најбрзо што можете додека не ја совладате за можете да ја повторите 3 пати по ред без да ја згрешите.
  • Штом ја совладате брзозборката, време е да изберете нова.

Оваа учебна година нашиот тим дизајнираше голем број картички со брзозборки кои со нетрпение чекаме да ви ги претставиме. Повелете дел од нив и забавувајте се со најблиските!

Tongue twisters